Пописот на една земја е најважниот настан за една економија, од која зависи планирање во стопанството, образованието, земјоделието и другите гранки и од која зависи кредитниот рејтинг на државата кој конечно удира по џебот на нас граѓаните, истакна на прес конференцијата Владимир Ристов од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица.
Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ започнува со граѓанска иницијатива за Закон за поништување на Законот за Попис.