Околу 50 илјади евра годинава одвои о.Струмица за финансиска поддршка за 14 граѓански организации.Локален економски развој, Социјална заштита, Заштита на животната средина, Образование, Млади, Родова еднаквост и човекови права се областите во кои ќе ги насочат и реализираат проектите за ова година.
До крајот на оваа недела се очекува да се дознаат и конкретните проекти на здруженијата и фондациите на кои ќе работат и ќе ги наменат срредствата, односно кое здружение каков проект од јавен интерес ќе реализира во текот на оваа година.
Здружението за развој и унапредување на земјоделието „ProAgro“ доби 250.000 денари
Здружението за култура и уметност „Сцена“ Струмица 247.100 денари, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ Струмица добие 242.550 денари
Здружението за заштита на животната средина „Анимал Лаверс“ Струмица – 242.500 денари
Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ Струмица – 231.000 денари
Здружение за едукација и развој на лица со пречки во развојот „Еднаквост“ – 225.600 денари
Здружението за заштита и помош на лица со Даунов синдром „Вера“ Струмица доби 225.024 денари
Здружението за музика, уметност и култура „Хармонија Акорд“ Струмица – 220.500 денари
Ромско-турско здружение „Хајат НВО“ Струмица – 220.000 денари
Еколошкото друштво „Планетум“ Струмица доби од буџетот на општина Струмица 212.500 денари
Здружение за развој на погранична соработка „Добрососедство“ Струмица – 200.596 денари
Здружението за култура и развој „Култ-Транзен“ Струмица – 155.000 денари
Здружението за локална демократија Центар на заедницата на Општина Струмица – 150.000 денари
Здружението на фармери „Фармер“ Струмица доби 126.000 денари.
Овие здруженија, своите проекти со кои аплицирале за добивање финансиски средства од буџетот на општина Струмица за 2019 година, треба да ги реализираат до крајот на годината.