Околу 200 авантуристи и рекреативци, меѓу кои и 15 деца од Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска учествуваа на велосипедската прошетка низ Струмичкото Поле. Настанот во организација на Одржливи иницијативи од Скопје и ВК Актив од Струмица, а во партнерство со Општина Струмица преставува одлична можност за промоција на Општината и регионот како велосипедска дестинација. Поделена во две рути, првата од 21 а втората од 25 км, учесниците имаа можност да ги видат природните и култорно-историските знаменитости на струмичкиот регион.
Од велосипедскиот клуб Актив велат дека кај струмичани се повеќе расте свеста за употребата на велосипедот како превозно средство кое позитивно влијае врз здравјето на луѓето.
Велосипедската прошетка ,, Културното наследство низ струмичкото поле“ е втората вело прошетка, откако минатата година учесниците на велосипед ги разоткриваа убавините на прилепското поле.