• Sun. Nov 24th, 2024

Околу половина милион евра за три проекти ќе се инвестираат во општините Ново Село, Босилово и Василево

ByВане Трајков

Jan 30, 2023

Околу половина милион евра ќе бидат инвестирани за три проекти во општините Василево, Босилово и Ново Село преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион откако ова институција на распишани јавни набавки  и склучи договори за реализација на прокетите. Станува збор за проекти за кои се обезбедени средства од Бирото за регионален рамномерен развој и општините при што во Василево ќе се асфалтира улица до црвката во населеното место Радичево што ја најави градоначалникот Андонов за која склучен е договор со Бони интерградба во вредност од околу 35 илјади евра

Во Босилово ќе се реализира спортско рекреативна трим патека вдолж река Струмица. За овој проект Договорот тежи 77 илјади евра а го доби скопската фирма ОСД Кирил. Станува збор за патека од околу еден километар која ке имаи паркигн а на неа ќе бидат поставени и 15 дрвени клупи за одмор и релаксација но и исто толку корпи за отпадоци. Највреден од проектите е реализацијата на третата фаза од патното поврзување на наслените места Колешино Бориево. Станува збор за делница од околу 3 200 метри за што е склучен договор со фирмата Ленди груп од Скопје во вредност од 370 илјади евра. Со реализацијата на овој патен правец не само што ќе има патно поврзување мегу општините Ново Село и Босилово туку истиот ќе биде и во функција на земјоделците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *