24 и 25 Мај , Валандово ќе биде центар на бојни звучни имиња од земјава и регинот кои ќе бидат дел од овогодинешниот Фолк Фест Валандово.До фестивалскиот одбор биле пристигнати околу 90 композиции , но било одлучено да се стесни кругот и официјално да бидат изведени само 19 од нив.
Новина оваа година е што познатата босанска интерпретаторка на народни песни , Ханка Палдум, додека трае гласањето ќе настапи со сопствен мини концерт.Гласањето за победниците ќе биде 60% од стручното жири и 40% од публиката во салата.
Првата награда годинава е доста намалена и изнесува 1500 евра, втората 1000, додека композицијата на трето место ќе добие 750 евра.