• Sat. Nov 23rd, 2024

Од 12 јули вакцинирање и без закажан термин, соопшти минситерството за здравство

Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките  вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Министерството за здравство ги информира граѓаните дека почнувајќи од 12 јули, ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *