Од утре ќе штрајкува и Управата за водење на матични книги, бараат поголеми плати.
Од утре на штрајк ќе излезат вработените во Управата за водење на матични книги. Шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат додека не им се покачат платите, а штрајкот ќе почне од 8 часот наутро. Независниот синдикат за водење на матични книги на Фејсбук напишаа дека се решиле за штрајк оти никој не го вреднува нивниот труд. Ова практично значи дека шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат.
Од денеска на штрајк од 16 до 17 часот пред Собранието и Владата излегува и администрацијата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) велат дека бараат усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.