• Thu. Nov 21st, 2024

Од утре сертификатите за вакцинација за патување во ЕУ важат девет месеци

Од утре сертификатите за вакцинација за патување во ЕУ важат девет месеци

Од утре на сила стапуваат нови правила за патување со ковид сертификати во Европската Унија, а сертификатот ќе важи девет месеци, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската комисија им налага од 1 февруари на сите земји членки во ЕУ да ги прилагодат правилата за ковид сертификатот во случај на патување, сертификатите за вакцинација ќе важат 270 дена, или девет месеци, од последната доза на примарната серија на вакцинација.

Во случај на вакцина со една доза, девет месеци од дозата, во случај на вакцините со две дози ќе се сметаат девет месеци од втората доза.

Овие правила не важат за бустер дозите, нагласува Европската комисија.

Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, објасни дека новите ЕУ правила за рокот на траење на сертификатите за вакцинација во контекст на патување во ЕУ го одразуваат фактот што ефикасноста на вакцината се намалува со тек на време, поради што е важно да се прими бустер доза.

-Со поддршка од експертите од Европскиот центар за спречување и контрола на болести и Европската агенција за лекови, Комисијата од блиску ќе следи дали ќе бидат потребни дополнителни прилагодувања на правилата, додаде Рејндерс.

Овие правила важат само во случај на патување во ЕУ, но не и за внатрешна употреба на сертификатите за вакцинација во земјите членки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *