Oд утре Германија ќе ја тргне С. Македонија од листата на ризични земји поради Ковид-19. За македонските граѓани кои ќе патуваат во Германија, повеќе нема да важат строгите ограничувања поради коронавирусот.
Ова вчера го соопшти германскиот институт „Роберт Кох“.
Започнувајќи од 13 јуни за влез во Германија по копнен пат за македонските граѓани нема да важат корона-ограничувањата за дигитална пријава на патувањето, негативен ПЦР-тест и карантин.
Мерките ќе важат за оние кои со авион пристигнуваат на некој германски аеродром и истите и натаму ќе треба да имаат потврда за негативен ПЦР-тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација пред поаѓањето, се наведува во извештајот на Институтот Роберт Кох.