• Sun. Nov 24th, 2024

Од први февруари почнува издавањето евидентни листови за тутунарите

Очекуваат трка за откуп

Од први февруари до 31 март тутунопроизводителите ќе мора д аго пријават новото производство з агодинава и да добијат евидентни листови. Пријавувањето се врши во Министерството за земјоделство, односно подрачните единици каде што е местото на живеењето на производителот независно каде се наоѓаат површините со тутун.

Земјоделците треба да добијат евидентен лист за производство со сите катастарски парцели на кои ќе садат тутун, според типови и количества и кои ќе се внесуваат во регистерот на земјоделските стопанства. Од Здруженијата велат дека годинава ќе пријавуваат во инспекторати случаи кога компании неоправдано долго им ги држат евидентните листови на тутунарите, со цел тие да не склучат договори и со други трговци.

Тв Канал ВИС информира дека неделава се очекува да заврше откупот на тутунот во струмичко, а просечната цена достигна рекордно ниво од 215 денари по килограм. Денеска со податоци за национално ниво излезе и министерството за земјоделство. Оттаму информираат дека  просечната откупна цена на тутунот од реколтата 2017-та достигна 214,8 денари за килограм.  Откупот на тутун е во завршна фаза и се очекува да заврши до крајот на месецот. Досега според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство се откупени повеќе од 21,5 милиони килограми тутун во вредност од близу 60 милиони евра. Тутунот годинава е со добар квалитет, кај компаниите има интерес за откуп и засега нема пријавено проблеми во однос на проценката на класите, велат од министерствотот.

Додаваат дека производството на тутун е стратешка култура на Република Македонија, со извоз во вредност од 100 милиони евра годишно.Во просек годишно откупот на тутун е околу 25 милиони килограми, со вредност од над 80,5 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *