• Sat. Nov 23rd, 2024

Од понеделник ќе се издаваат документи со новото уставно име

Од понеделник ќе се издаваат документи со новото уставно име

Се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи, кои што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

На прашање од пратеничката Ане Лашкоска, од ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе има пасоши и регистарски таблички, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, посочи дека во ниту еден момент досега нема застој во издавањето на патни исправи, лични карти, возачки дозволи или било каков друг документ во државата.

Како податок, Спасовски посочи дека во мај се издадени 31.500 патни исправи, 22.552 лични карти и 10.663 возачи дозволи и дека во јуни побарувањето значително се зголемува и само во перидот од 20 до 30 јуни, има 31.500 повици и дадени темрини за лични карти.

– Што се однесува на дипломатските пасоши, за тоа сте во право. Старите обрасци, кои што ги имаме, затоа што не била направена добра проценка во одреден момент во МВР не се нарачани и бидејќи, имавме нарачани нови обрасци немаме доволно дипломатски пасоши. Меѓутоа, тоа не е проблем за граѓаните, тоа е проблем за функционерите, изјави Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *