• Sun. Nov 24th, 2024

Од понеделник се очекува да започне исплатата на субвенциите за тутунот од минатогодишната реколта.

По објавувањето на Службен весник дека се направени измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, оед министерството за земјоделство констатираат дека измените на овој закон предвидуваат одложување на важноста на условите за подмирени обврски кон Управата за јавни приходи, што изминатите години беше пречка за исплата на субвенциите. Со оваа измена се создаваат законски услови за навремена исплата на субвенциите, меѓу кои е и исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017.

Во насока на навремена исплата на субвенциите за тутунот,до вчера , Платежната агенција требаше да ги спроведе законските контроли во откупните претпријатија, по што ќе следува обработка на решенијата за исплата на субвенциите за тутунот.

Исплата се очекува да започне следната недела. Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари. Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи.

Од министерството за земјоделие велат дека целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција. Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, која што носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *