• Sat. Nov 2nd, 2024

Од полноќ намалување на цените на горивата

ByЃ. K.

Nov 13, 2023

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 % во однос на одлуката од 10.11.2023 година.

Од 14.11.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,00 (денара/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 77,50 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,50 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 43,332 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,411 денари/кг и сега ќе изнесува 43,332 денари/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,435 %, кај дизелот 5,152 %, кај екстра-лесното масло 1,608 % и кај мазутот намалувањето е 1,143 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,060 %.

By Ѓ. K.