Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
Таа кажа дека евидентно е дека во последните две недели бројот на заболени во градинките се зголемува и дека трендот на позитивни е како целата епидемиолошка состојба во државата.
Шахпаска истакна дека здравствената состојба на сите досега позитивни деца и вработени е добра.
„Нема хоспитализација. Генерално состојбата на вработените и децата е добра“, изјави министерката.
Таа информира и дека до денеска има 309 деца во изолација и околу 50-тина вработени.
На новинарско прашање дали може да се очекува затворање на градинките, министерката рече дека ќе се следи епидемиолошката состојба и врз основа на тоа ќе се носат одлуки заеднички со локалните власти.
извор: Макфакс