Владата одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за скратено работно време до 18 часот, наместо како досега до 21 часот. Ова е одлучено на синоќешната владина седница и ќе почне да се применува за два дена.
Целта на ваквата одлука е да се намали фреквенцијата во угостителските објекти за време на празниците, за да се избегне создавање нови жаришта на корона-вирусот.
Оваа одлука не е изолирана. Во повеќе земји од регионот и Европа почнаа да се преземаат сериозни рестриктивни мерки на движење за време на новогодишно-божиќните празници.