Министерството за труд и социјална политика, планира да ја продолжи кампањата за згрижувачки семејства со цел вакви семејства да има во речиси секој град. Во земјава регистрирани се 358 згрижувачки семејства а во Струмица 17 функционираат, а пет ја поминале обуката за да згрижат дете без родителска грижа.