Летното сметање на времето почнува во недела, на 31 март, во 2 часот, кога со поместување за еден час нанапред, времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот.
Владата, на предлог од Министерството за економија, на последната седница во вторникот донесе одлука за денот и моментот на воведување и за денот и моментот на завршување на летното сметање на времето во 2024 година.
Како што соопшти владината прес-служба, летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 3 часот се смета како 2 часот.
Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно со Законот за сметање на времето („Службен весник на Рeпублика Македонија“ бр. 17/96 и 16/97) и согласно со европските директиви.