Оваа грејна сезона граѓаните нема да имаат проблеми со доставата од страна на шумското стопанство.ОД раководството гарантираат навремана достава пред почетокот на грејната сезона.
Склучувањата на договорите сеуште трае , а заинтересираноста на граѓаните е и оваа година идентична како и лани.Годинава ќе бидат доставени 12 илјади м3 огревно дрво.
Митров вели со испораката на огревното дрво ќе започне за само еден месец.Односно крајот на април и месец мај струмичани ќе ги добиваат огревните дрва за наредната грејна сезона. Цената останува иста како и минатата година.