Синоќа со громогласен аплауз и овации публиката во преполната сала во Домот на културата „Јане Сандански“ во Ново Село ги награди членовите на ВИС „Стихири“ од Струмица и средношколците од насоката за традиционална песна и оро при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје кои го организираа хуманитарниот настан под покровителство на Фондација Елеуса.
Средствата собрани како донации од продажбата на билетите ќе бидат наменети за подготовка на велигденските хуманитарни пакети за ранливите категории семејства кои живеат во новоселската општина.