• Fri. Nov 22nd, 2024

Од денес поевтини цени на макароните и млекото, казни и до 10.000 евра за непочитување на одлуката

Од денеска со одлука на Владата намалени се цените на млечните производи и на тестенините во маркетите и продавниците.

Според одлуката, цената на тестенините се намали за 15, а на млечните производи за 10 отсто, и ќе важи до 31 мај.

Државниот инспекторат најави дека од утрово на терен ќе контролира дали се почитува владината одлука и потсети дека казните за непочитување се движат од 800 до 10 илјади евра.

Од тука апелираат да се почитуваат одлуките, а исто така ги повикуваат граѓаните, доколку забележат неправилности, веднаш да пријават во Пазарниот инспекторат.

За јајцата, шеќерот и домашниот ориз се прават анализи. Потоа ќе се одлучи дали и тие производи ќе влезат на листата со ограничени маржи.