• Fri. Nov 22nd, 2024

Од денес карантин во седум региони во Словенија

Во Словенија стапи во сила делумниот карантин, кој се применува во седум од 12 региони, поради зголемениот број на заразени со коронавирус.

Исто така, од денес е забрането да се собираат повеќе од 10 лица, а за постарите ученици наставата ќе се одвива преку интернет.

Новите мерки за карантин ги зафатија и градовите Љубљана, Крањ и Целје, додека Марибор и Копер не се во таканаречената црвена зона, а карантинот значи дека во одредени региони не смее да се влегува или излегува, освен во посебни случаи како што се одење на работа или на лекар, пренесува СТА.

Се додава дека списокот ќе се менува во зависност од развојот на ситуацијата.

Во седумте региони кои се наоѓаат на црвената листа важи и забраната за организирање настани, собири, свадби и црковни церемони.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *