Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно североисточен ветер.
На југозападот ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени, јавува УХМР.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.
Од денеска повремено ќе се зголемува облачноста и благо ќе се намалува дневната температура.
Во четврток и петок претежно попладне ќе има услови за краткотрајна локална нестабилност со пороен дожд и грмежи и умерен до засилен северен ветер.
извор: Макфакс