• Fri. Nov 22nd, 2024

Од денеска пет нови јавни повици за набавка на трактори, силоси, мандри, опрема за производство на тутун и „Рурална жена“

Од денеска пет нови јавни повици за набавка на трактори, силоси, мандри, опрема за производство на тутун и „Рурална жена“

Денеска се објавени пет нови јавни повици од Програмата за рурален развој, за мерките: Мерка 115-попозната како „Рурална жена“, и Мерка 121-Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства со 4 подмерки: набавка на трактори, силоси, инвестиции во мандри и опрема за производство на тутун.

Јавните повици се во рамките на Националниот план за производство на храна кој е креиран како стратешка цел за заштита на домашното земјоделско производство. Финансиската поддршка која е овозможена со овие пет јавни повици, се нови средства кои директно ќе се инвестираат кај земјоделците.

Јавниот повик за мерката наменета специјално за жените носители на земјоделски стопанства попозната како „Рурална жена“ почнува да тече од денеска.

„Оваа мерка првпат ја воведовме во 2019 година како пилот мерка и слободно можеме да кажеме дека со 250 доделени грантови мерката е успешна приказна и токму тоа нѐ мотивираше да оваа година максималниот износ по корисник го зголемиме двојно, односно од досегашните 3.000 на 6.000 евра по корисник, средства кои се наменети за доработка и преработка на примарни земјоделски производи, како и за набавка на опрема за директен маркетинг на фарма. Ефектите кои се постигнаа со оваа мерка, се развиени мали семејни бизниси и нови производи на пазарот за што и самиот се уверувам во моите теренски посети. Од сопственото земјоделско производство жените развија широк спектар на производи со додадена вредност, а само мал дел од нив се маџун, млечни производи, пчеларски производи, мармалади и други“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *