Младинците на Макс Струмица прокоцкаа победа во дуелот со Пролет 62 од Скопје на свој терен. При резултат 23:22 и десетина секунди до крајот на средбата, младите струмички рисови тргнаа во напад со цел да постигнат уште еден гол. Во брзиот напад, топката ја загубија а херојот на дуелот со Радовиш – Благој Терзиев во обид да ги сопре гостите направи прекршок што од судиите беше санкциониран со црвен картон и седмерц за Пролет 62 што го искористија за конечни 23:23.
Васко Наков со 12 голови беше најефикасен кај младите струмичани а втор стрелец беше Тасов со 5 погодоци. До крајот на есенскиот дел од младинскиот шампионат Група 2 струмичките „рисови“ имаат уште еден натпревар. Наредниот викенд патуваат за Делчево против Вардар.
Со освоениот бод Макс Струмица е на третата позиција со 13 бода после Металург и Пролет 62 ипонатаму останува во игра за плеј офот за младински првак на Македонија