Најновиот автопат во земјава Штип-Миладиновце со низа на препреки за возачите, освен што се градат новите патарини кај Кадрифаково и Преод, кон Скопје на одреден дел од автопатот се вози и по едната лента.
Свлечиште од карпи го попречува нормалниот сообраќај.
Овој одрон стои веќе неколку месеци.
Веста за жителите на истокот и југоистокот е дека на терен излегле стручни лица, кои дале стручно мислење како да се санира свлечиштето.
Свлечиштето на десеттиот километар на автопатот Штип-Миладоновци ќе се санира по изборот на градежна компанија.
Министерот Бочварски при денешната посета во Кочани информираше дека рокот за изградба на ексресниот пат од Крупиште до Кочани е септември годинава.
Крајниот исток, Малешевско-Пијанечкиот регион засега останува без експресни патишта, но од средбите меѓу македонскиот и бугарскиот министер за транспорт високо во агендата им е поврзувањето преку преминот Клепало кај Берово. Објектите на преминот со децении си стојат, забот на времето веќе ги има уништено, а од бугарска страна не се изградени вкупно 13 километри отварањето на граничниот премин Клепало.