Денеска по 24 пат се одржа традиционалната манифестација „Тортијада“ во организација на Сојузот на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Струмица.
На настанот учествуваа повеќе здруженија од државата кои направија торти и се натпреваруваа со креативните изработки.
Освен натпреварот, „Тортијадата“ е замислена и како настан на кој се дружат и забавуваат лицата со попречености.