На Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија се одржа работилница на тема Стратегија за развој на туризмот во Општина Гевгелија за период 2019-2024 година, која Стратегија ја изработува авторски тим од Факултетот за туризам и бизнис логистика.На работилницата присуствуваше градоначалникот на Општина Гевгелија, м-р Сашо Поцков, а беа поканети и акривно учествуваа со конкретни предлози и идеи за идниот развој на туризмот во Општина Гевгелија вработени и советници од Општина Гевгелија, професори од средното општинско училиште Јосиф Јосифовски од Гевгелија, НУ Музеј Гевгелија, хотел и казино Аполонија, хотел и казино Фламинго, хотел и казино Принцез, Негорски бањи Гевгелија, претставници на туристички агенции, студенти на факултетот, како и претставници од локалните медиумите. Стручниот тим кој ја изработи Нацрт стратегијата за развој на туризмот ќе ги вклопи предлозите, мислењата, забелешките и сугестиите на учесниците од оваа работилница во самата Стратегија а се со цел составување на една поиздржана Стратегија за развој на туризмот во општина Гевгелија и остварување на визијата за општината како една од најразвиените туристички дестинации во земјата но и во поширокиот регион.