Денеска се одржа првата официјална седница на членовите на Локалниот совет за женско претприемништво кои беа избрани преку Јавен повик.
Градоначалникот Костадинов присуствуваше на седницата и ја потврди поддршката во функционирањето на Локалниот совет и севкупно на женското претприемништво, неговото унапредување и придонес во економскиот развој на Струмица.
Целта на Локалниот совет за женско претприемништво е поттикнување на претприемачкиот дух преку промоција на добри практики, креирање програми и можности за финансиска, советодавна и менторска поддршка и промоција на пазарот.
Костадинов истакна дека верува во жените и го поддржува нивното економско зајакнување.