• Fri. Nov 22nd, 2024

Одлуките на општинските Совети по 24 март поништени – градоначалниците технички

Мандатот на градоначалниците е истечен и сите одлуки кои советниците ги донеле по 24 март, од страна на инспекторатот се поништени и ставени вон сила и никаква евентуална законска измена од Собранието нема ретроактивно дејство, соопштуваат од Инспекторат за локална самоуправа.

Според инспекторатот, локалните избори се одржаа на 24 март 2013 година, а мандатот на градоначалниците истече на 24 март 2017.

Мандатот на градоначалниците е регулиран со член 49 и 52 од законот за Локална самоуправа каде стои дека мандатот трае до завршување на тековната година, што значи до 31.12.2017. Па со оглед на изминатиот мандат на советниците, градоначалниците извршуваат техничка функција и општините не смеат да прекинат да функционираат“, се вели во соопштението од инспекторатот за локална самоуправа

Државниот инспекторат за локална самоуправа во соопштение до јавноста потпишано од директорот Ванчо Шехтански, ги нарече произволни и несериозни изнесените толкувањата во јавноста за мандатите на градоначалниците. 

Инспекторатот, како што соопштуваат од таму не бил консултуран ниту пак учествувал на јавните дебати организирани од ЗЕЛС каде се носеле произволни заклучоци без законска основа и од партиски интереси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *