• Sat. Nov 23rd, 2024

Одгледувачи на свињи ќе бараат порадикални мерки за да се спречи ширењето на африканската свинска чума

Одгледувачи на свињи ќе бараат порадикални мерки за да се спречи ширењето на африканската свинска чума.

Македонските одгледувачи на свињи ќе бараат порадикални мерки за да се спречи ширењето на африканската свинска чума. Бојан Ѓорѓиевски од Здружението на одледувачи на свињи „Македонско прасе“ вели дека порадикалните мерки ќе се однесуваат за високоризичните одгледувалишта, а ќе се однесуваат на нивна поголема контрола од институциите.

Според него, афиканската свинска чума е заразно заблоување, кое не е опасно за луѓето, но доколку се појави и еден случај во една голема фарма се ништат сите свињи.

Одгледувачите на свињи во моментов и официјално ги чекаат резултатите од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои треба да кажат дали заразата во делчевско Драмче е од дива свиња.

-Ова е како корона вирус кај свињите. Во рок од три до пет дена може да угине цело стадо. Не постои вакцина против неа и единствено може да помогнат биосигурносните мерки. Не се пренесува на луѓето, а месото може да се користи со термичка обработка. Ќе чекаме од АХВ да видиме дали и официјално заразата е дојдена од дива свиња, по што ќе ги кажеме и нашите предлози за справување со болеста,  вели  Ѓорѓиевски.

Тој најави дека во вторник ќе имаат прес-конференција во Скопје, кога ќе ги презентираат нивните барања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *