Одбојкарската репрезентативка од Струмица, Софија Ричлиева, ќе игра во нов клуб. Таа стави потпис за шпанскиот клуб Премиа Де Далт од Барселона, клуб од Суперлига 2 во Шпанија. Премиа Де Далт минатата сезона ја заврши на петтото место.
Ричлиева досега настапуваше за: Македонија Макс, Воллеyро Рома (Италија), Орду Турк Телеком, Бујукчекмеџе Волејбол Академиси (Турција), Дреница и Скендерај (Kосово) , Вестсјаелланд (Данска), Лариса (Грција), Брда (Хрватска).