27-годишната струмичанка Елена Пандева ќе биде ново засилување на екипата на Струмица. Таа се враќа дома и ќе биде одлично засилување на примачката позиција.
Пандева помина една сезона во Италија, во дресот на италијанскиот третолигаш Лабруна Феликс Монополи, а сега повторно се враќа во матичниот клуб.
Женскиот одбојкарски шампионат стартува во месец октомври.