Речиси два часа драма, музика и танци изведба која никој не остана рамнодушен.Вака помина синоќешното одбележување на 110 години од раѓањето на Никола Вапцаров воедно и патрон празник на основното училиште од Струмица.Првиот човек на училиштето директорот Боро Иванов вели да се води училиште од кое произлегуваат многу имиња во сите општествени сфери е чест и привилегија.
Милена Исирова, наставничка, која заедно со уште десетина наставници успеаа да создадат една целина од 150 ученика , да искреираат содржина која долго ќе се памети.Вели со голема љубов но и труд резултатите се видливи.
На големата сцена во Центарот за култура покрај учениците и наставниците настапија и лица кои биле ученици во Никола Вапцаров а веќе се истакнати во различни професии