Организацијата на општина Василево и во соработка со општинските одбори на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш, со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во населеното место Радичево, беше одбележана 82-та годишнина од средбата меѓу младите од Струмица и Радовиш која се случила на денешен ден во 1941-ва година, а на која биле поставени основите на нивната идна заедничката револуционерна соработка.
За настанот беше прочитан реферат, по што делегации од општина Василево и општинските одбори на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш, во знак на почит кон учесниците во средбата положија свежо цвеќе пред спомен плочата кој сведочи за настанот.