Денеска беше одбележана 75-годишнината од убиството на првоборецот Герас Цунев со пригодна свеченост која што се одржа пред спомен бистата во малиот градски парк.
За животот и делото на Цунев зборуваше Соња Чурлинова претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ, а од името на општина Струмица цвеќе на спомен бистата положи градоначалникот Коста Јаневски.
Членови на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ изведоа рецитал посветен на Герас Цунев, а за неговиот револуционерен пат се одржа дебата во просториите на Општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ во домот на АРМ.