Во Струмица одбележана годишнината од раѓањето на Борис Трајковски. Градоначалникот на општина Струмица, заедно со советници, членови на семејството, политички партии и здруженија положија цвеќе пред споменикот Македонија.
„Многупати сме зборувале за животниот и професионалниот пат на нашиот сограѓанин и секогаш тие навраќања за неговиот живот и дело изобилувале со бројни факти. Потсетувања на значајни настани и редица извадоци од негови изјави. Сето тоа станува дел од нашата меморија. Исто така е причина да бидеме единствени во заложбата: За претседателот Трајковски заборав не смее да има“, рече Јаневски.
Се доделија и наградите од литературниот конкурс распишан во негова чест со наслов „Миротворецот“ а наградените воите творби ги прочитаа пред присутните.