• Sat. Nov 23rd, 2024

Одбележана годишнината од загинувањето на четворица струмичани во големиот пожар над Струмица

ByВане Трајков

Jul 23, 2019

Денеска пред спомен обележјето во Струмица подигнато во чест на
Пено Стојанов и Блажо Стојков од Рич, Војо Гркљанов од Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица кои загинаа во големиот пожар над Струмица со полагање свежо цвеќе им беше одадена почит

Постојат настани за кои нема заборав. Постојат судбоносни мигови кои се паметат цел живот. Постојат нешта за кои не важи изреката – „времето ги лекува раните“. Напротив, болката од прераната загуба боли и пече, а раните никогаш не зараснуваат. 
Тоа е емотивната вистина за еден трагичен настан кој го одбележуваме денес, а се случи пред седум години на месноста „двата пата“ над Струмица,, кажа градоначалникот Коста Јаневски

На 23. јули 2012 година избувна пожар над Струмица.Постоеше опасност пожарот да се прошири и кон градот Таквата опасност беше причина, во локализирањето и гаснењето на пожарот да се вклучат надлежните служби но и граѓани загрижени за безбедноста на Струмица. Храброста и беспоштедната борба со пламените јазици, за жал беше платена со четири жртви и десеттина повредени. Се случи трагедијата каква што нашиот град не памети. Имињата на браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од Рич, Војо Гркљанов од Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица, ќе останат засекогаш врежани во нашите тажни сеќавања, како симбол на човековата храброст. Тие, и покрај прераното заминување од овој свет, остануваат бесмртни во струмичкиот споменар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *