Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Струмица, Република Северна Македонија објавува јавен повик за доделување на договор за јавна набавка на Опрема за заштита од шумски пожари – Мал противпожарен камион за гаснење на шумски и градски пожари во рамки на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ во Југоисточниот плански регион, Република Северна Македонија, со финансиска помош од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција – Република Северна Македонија, 2014-2020. Тендерската документација е достапна на Булевар “Маршал Тито“, број 1-1, 2400 Струмица, Република Северна Македонија, објавена на страната на https://southeast.mk/javni-nabavki/ostanati/ на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/ и на ТЕД (еТендерирање).
Крајниот рок за доставување на понудите е до 16.00 часот (локално време), на 30.08.2023 година.
Дополнителни информации или појаснувања/прашања ќе се објавуваат на ТЕД (еТендерирање) https://
Тендерската документација е достапна на следниов ЛИНК.