Во рамките на Програмата за активностите во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година, а на иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов е објавен Јавен повик за избор консултант/едукатор за проектот едукација на наставниот кадар и учениците од основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територија на Општина Струмица.
Право на учество на Јавниот повик имаат сите заинтересирани стручни лица (консултант/едукатор) кои се подготвени и имаат искуство во областа на животната средина.
Апликантот кој ќе биде избран од тричлена комисија формирана од Градоначалникот, најдоцна до десет дена од потпишувањето на договорот треба да достави план и програма за спроведување на овие активности кој ќе треба да ги реализира најдоцна до 01.06.2024 година.
Подетални информации за Јавниот повик кој е отворен 10 дена може да се најдат на веб страницата на општина Струмица.
https://strumica.gov.mk/наставниците-и-учениците-од-основнит/