Министерството за образование го објави конкурсот за упис на средношколци во новата 2019/2020 учебна година. На Југоистокот од Македонија во шесте средни школи место има за 2.278 ученици. Најмногу има слободни места во Струмица. Во трите средни школи, „Јане Сандански“, „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ има место за 1.292 ученици.
Новини има во СОУ „Димитар Влахов“ каде што првпат годинава се отвораат паралелки за агротехничар и техничар по фито медицина. Во телефонски разговор за ТВ Канал ВИС, дирекоторт Димитар Ѓоргев истакна дека отворањето на новите профили е по нивно барање поради големиот интерес и атрактивност на овие занимања. Таму остануваат земјоделско-ветеринарната, хемиско технолошката и здравствената струка.
Во СОУ „Никола Карев“ има најголем број на слободни места, 544, а таму функционира и дисперзираната паралелка на Спортската академија.
Во „Јане Сандански“ има 374 слободни места, во гимназиско образование и економско-правна и трговска струка.
Во Гевгелија во СОУ „Јосиф Јосифовски“ има слободни 374 места во гимназиско образование, угостителско-туристичка, машинска и економска-правна и трговска струка.
Во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш, има место за 442 ученици во гимназиско образование и геолошко-рударска и металуршка струка.
Во СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово има 204 слободни места за гимназиско образование.
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и еднопријавувања во месец јули. Доколку има повеќе заинтересирани кандидати, школото ќе организира кфалификациско тестирање.
Од годинава првпат стартува реформираното стручно образование. Стручните школи по барање на Центарот на стручното образование може да внесат одредени модули за кои има потреба во општината.