Наталија Дикова доби 2000 денари, Сашко Младенов и Илија Јанков по 1000, а Арсен Ставров и Дијана Тумбова по 500 денари.
Овие пет струмичани се наградени бидејќи освоија најмногу поени, откако во пластични кеси со бар кодови складираа пластика и хартија и со мобилната апликација „Селектирај отпад“ го информираа Комуналец да го подигне селектираниот отпад.