Министерката за труд и социјална политика вели дека ќе се вршат дообуки на вработените во центрите за социјална работа низ цела држава за граѓаните да можат да бидат подобро услужени и навреме да се сервисираат нивните потреби.
Според министерката за труд и социјална политика Мила Царовска целиот систем е во распад и одново ќе треа да се постават темелите.
Министерката најави и нови вработувања во социјалниот сектор за да се доекипираат центрите со потребни кадри.