• Fri. Nov 22nd, 2024

Обвинителството ќе го проверува предизборното рекламирање на политичките партии

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување ценовник за рекламирање.

Како што се наведува во соопштението, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција достави известување според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет-портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.

Во насока на утврдување на наводите од известувањето, во текот на утрово, во координација со Обвинителството, Министерството за внатрешни работи спроведе акција, при што е одземена документација од три фирми што ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *