• Sat. Nov 23rd, 2024

Обвинение за дилер од Гевгелија

Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт против маж од Гевгелија. Тој е обвинет за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 14 овој месец на булевар „Србија“ полицијата кај обвинетиот открила 46,45 грама амфетамини. Тој се превезувал во автомобил како сопатник, а амфетамините ги скрил во слободниот простор меѓу рачната сопирачка и сопатничкото седиште.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *