Центарот за култура Антон Панов од Струмица доби сертификат за квалитет.
Сертификатот IASS 2019-2021 се доделува за квалитетот на услугите што ги дава оваа јавна установа.
Важноста на сертификатот е две години и по истекот на овој рок може да се продолжи. Овој сертификат го доделува здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИАСС Скопје.
Во нивното образложение наведуваат дека се доделува по подолга анализа и експертиза на услугите и доверливоста спроведена од клиенти корисници но и врз база на позитивните спомнувања на интернет.
Антон Панов сертификатот може да го користи во иднина за докажување на квалитетот во деловните процеси.