• Sat. Nov 23rd, 2024

НУЦК „Антон Панов“: Месец мај- Месец на солидарноста

На социјалните мрежи, од НУЦК „Антон Панов“ објавија дека планираат дел од приходите во месец мај да ги наменат за хуманитарни цели.

-Следејќи ја динамиката на своите програмски активности и утврдувајќи дека месец мај е еден од програмски најангажираните периоди во годината, НУЦК „Антон Панов“ Струмица, со сите свои вработени и капацитет, одлучи да го прогласи месец мај за Месец на солидарноста, со намера, дел од своите сопствени приходи да донира во хумани цели.

Одвоените средства солидарно ќе бидат донирани з апотребите на сограѓани кои веќе имаат доставено барање з апомош на нивното лекување, се вели во информацијата од Центарот за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *