• Sun. Nov 24th, 2024

Нуркачи продолжуваат да трагаат по момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош

ByЃ. K.

Jul 18, 2023

Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата.

Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

By Ѓ. K.