Министерот за животна среда даде интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“, по што кажа дека граѓаните треба да штедат енергија за да се преброди претстојната зима.
„Најверојатно ќе нема доволно гас за греење во Скопје. Но бараме можности од набавка на други извори“, кажа Нуредини.
Нуредини, исто така, кажа дека треба за греење да се користи струјата.
„Греењето со инвертери е поевтино, енергетски поефикасно и помалку штетно за околината“, вели министерот.