Откако министерот за здравство Венко Филипче изјави дека состојбата со вирусот е прилично стабилна и дека ако остане вака на рестораните ќе им се врати работното време до 21 часот, угостителите побараа мерката да биде укинета и работното време до 21 часот да важи од понеделник.
Угостителите велат дека ако е се во ред и бројките се пониски не ја гледаат причина поради која тие не би можеле да работат и до 21 часот и тоа од сега, наместо да се чека да пројде 21 јануари – до кога важи мерката за работа до 18 часот.
По нивната рекација Филипче изјави дека логично е нивното барање и дека ќе биде разгледано на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести.
“Ова скратување на времето дополнително, иницијално кога беше донесено минатиот месец, рековме дека ќе биде до 21 јануари, кога практично и завршуваат прославите, верските празници и тогаш веќе по автоматизам се враќаат на работното време до 21 часот. Ние ќе го разгледаме барањето дали би можело да се продолжи за уште два часа“, истакна Филипче.