• Fri. Nov 22nd, 2024

НОВ УЖАС ВО БЕЛГРАД: Поранешна ученичка нападнала и повредила врсник и професорка со кујнски нож

ByЃ. K.

Nov 23, 2023

Тинејџерката Л.И. (15) со кујнски нож го повредила момчето А.Р. (15) и наставничката која се обидела да ја спречи во намерата. Српските медиуми јавуваат дека инцидентот се случил во Гимназијата „Руѓер Бошковиќ“ во Белград. Момчето и наставничката се полесно повредено и им се укажува лекарска помош.

Според неофицијални информации, девојчето на барање на родителите претходно била испишана од ова училиште. Зошто дошла со кујнски нож во училиштето и зошто го нападнала врсникот и наставничката допрва ќе се истражува.

By Ѓ. K.